Брой 3, 2018 г.
Търсене в сайта:
 
Вход за потребители:
Име:   
Парола:   

  


НОВО!

НОВО!


Новия Брой

  МОСТОВЕ

  Моите три средби со проф. Димитър Гоцев

Убавите средби, а посебно оние, кои што го осмислуваат на­шето суштествуванье, се ретка појва. И оној, кој ги преживее, е должен да биде посебно благо­дарен и да го изрзи со зборови своето воодушевуванье.

Такви беа за мене трите сред­би со професорот Димитар Го­цев. Со тие средби, во моето соз- нание тој се искристализира во појава, која не личеше на она, што дотогаш го бев видел, во по- јава, која во мене ги разбуди чув­ствата, кои не личеа на обични­те чувства, кои ми беа определе-ни за цел живот.

Първата средба беше на 30 ју- л и 2003 година, на јубилејната на­учна конференција насловена со "Сто години Илинденско-преоб- раженско востание", а која се одържа во историскиот музеј на град Благоевград. Уште ја пом- нам, како вчера да се случи.

Тој летен ден уште од утрото беше неискажано убав, вистин- ски празничен, како да предвес- туваше, дека во мојот живот ке започне една нова, прекрасна епизода. Кога со колата тръгнав кон границата беше се уште тем-но, но времето беше топло и при- јатно. Звездите на небото блед- нееја, на исток зад темните пла­нини стануваше цървено, толку кърваво и златноцървено, што не можеше да се гледа. Сонцето требаше да е наблизу, пробуде­но веке негде зад връвовите, уш- те не се гледаше, но во задиша- ното неспокојство на атмосфе­рата веке се чувствуваше негова­та топла сила. Се будеше зората, свежа, јасна и радосна.

Кога ја поминав македонско- бугарската граница и почнав да се спуштам надолу кон Благоев­град, сонцето, тој голем госпо­дар на летните денови веке беше излезено и ја фърлаше својата светлина връз рид иштата, лига­та и тревата, внесуваше бескрај- на веселост во телата и душите. Во таков момент човек не може да не биде срекен. Ја сопрев ко­лата на една височинка од која долу се гледаше градот, а на ис­ток връвовите на джиновскиот Пирин и почнав да и се насладу- вам на целата таа возвишена хар - монија. Па им се препуштив на мислите.

Се наогав, ете, на другата страна од границата, во една дру­га, за нас Македонците странска държава, нарчена Бугарија. Како Македонец јас требаше да ја мразам таа земја. Бидејки, отка- ко знам за себе во Македонија постојано тече една антибугарс- ка кампаньа, борба, речиси на живот и смърт со държавата, ко­ја първа ни ги призна самостој- носта и сувереноста, која несе- бично ни помагаше да ги надми- неме, за нас катастрофалните ма- зутни и нафтени кризи, која ни дозволи, без никакви пречки се- којдневно да ги празниме про- давниците во Петрич, Кустен- дил и Благоевград поради значи­телно пониските цени во однос на нашите, која нај после им доз­воли на нашите грагани да доби- јат бугарско държавjантство и връз основа на него бугарски па- сош, со кој потоа ке можат да из- бегаат од неподносливата беда во својата земја и да побараат не- каков спас во богатата Европа, а на нашите деца им ги отвои вра­тите на своите универзитети, би- дејки само така ке можат да си овозможат некакви егзистенци- ја. Сето тоа беше така, а јас се- пак требаше да ја мразам Буга- рија. Се што се пишува и публи­кува во Македонија, е потчинето на една и иста, добро позната, сърбокомунистичка поента: "... Ете защо Македонците се народ посебен од Бугарите...". Сегде низ Македонија се труби со прег­ракнал глас колку Македонците се Македонци и колку тие во се- кој поглед се различни од Буга­рите, ама навистина во секој пог­лед, кои, од своја страна не се от- кажале од вековниот стремеж да не асмилириаат, да не "побугар- чат". Каков абсурд!

Малку недостасуваше вакви- те мисли да ми го расипат распо- ложението и тоа навистина и ке се случеше, ако не се сетев каква беше целта на ова мое пътуванье во Бугарија. Требаше имено со едни пријатели од Благоевград да отидеме до морето, а на вра- канье да ги прошетаме Родопи­те и уште некои забележителни места.

Во Благоевград, мегутоа ми кажаа, дека сум дошол точно на време: за половина час во исто- рискиот музеј на градот ке има конференција, ке стане збор за Илинденското востание. Па, ај- де бъргу натамо!

Отидовме таму. Конференци- јата само што не беше започна­ла. Имаше голем број гости: ака­демици, историчари, доценти, претставници од МПО, новина- ри... Сите тие зборуваа и матваа со раце, возбудени од значенье- то на моментот; а само еден од нив седеше мирно и спокојно на своето место, со што се одделу- ваше од другите. Го запрашав оној до мене за него, а тој ми об- јасни, дека е тоа Димитар Гоцев, претседател на Македонскиот научен институт во Софија и ре­довен професор по историја на Универзитетот "Свети Климент Охридски". - "Еве го, си реков, најпосле човекот, за кого толку многу слушав прекрасни рабо­ти!"

Внимателно се загледав во не­го. За него, судејки по неговиот изглед и по държаньето со пра­во можеше да се рече, дека е пръв межу еднаквите, оној, што ги надминува останатите. Нависти­на, и неговото лице со израз на за­мислено внимание и целата него­ва фигура наговестуваа нешто посебно, нешто што се извисува- ше над околината, нешто карак- теристично бликаше од него. Неговото лице, иако навидум спокојно, изразуваше енергија и пламен, очите му беа одухотво­рени, челото му беше одбележа- но со печатот на возвишеността. Со своето присуство како да пръскаше топлина и светлина, нешто празнично се носеше од него. Имаше държанье на благо­родник, кој е свесен за своето предимство, иако тоа не го пока- жуваше. Беше, накратко, со два збора светски човек, сјаен човек. Не се забораваат таквите, кога еднаш ке се сретнеме со нив.То- гаш можеше да има околу пед е- сет и пет години.

За него знаев, дека потекнува од Македонија, од Панчарево, од едно сиромашно и зафърлено село во Малешевијата, "Од едно зафърлено село? - си мислев. - А зошто не? Сум читал, дека едно од најретките цвекиньа, розата на льубовта и нежноста, цвета обич­но крај најбезводните краишта на мизеријата, дури и во д ното на некоја бездна; така и генијот; тој може да се роди во некое најза- фърлено селце од само педесе- тина куки, населено од дървари и овчари." Знаев, дека е еден од първите историчари во Бугарија, експерт за национална историја, без сомнениье пръв експерт за македонското прашанье. Го зна­ев и тоа, а тоа за мене беше нај- важното, дека на многумина од "онаа задграничната Македони- ја", од онаа која мрази и колне и фърла дървjа и каменьа по мајка- та Бугарија им овозможил да се запишаат на бугарските универ- зитети, или да добијат бугарски пасош, или им помогнал на било каков друг начин - на стотици, ил- јандици!

Тоа го знаев за професорот Гоцев, кога за пръв пат го видов на конференцијата. На неа тој, се разбира, зеде и збор. Речта му бе­ше - се чувствувам слободен ов- де да употребам еден несекојд- невен израз - римска, нешто бо­жествено блескаше од него, не- какво необично, одамна забора- вено антично величие. Недоста- суваше уште бела тога, па да си го претставиме Цицерон, доде- ка държи реч пред римскиот се­нат. Навистина, кога зборува пред толпата народ, вистински- от говорник е како жрец, испра- вен на вървот на планината од ду­ши, овој говор ми го потвърди тоа.

Професорът се возвиши до красноречие, до поезија. Него­вото спокојство се претвори во страст, а страста може многу да направи: може во човекот да раз­буди неизмерна енергија, таа мо­же со својата неодолива сила и од најмирната душа да извлече ти- танска сила. Но колку и да беше голема оваа страст, таа, како што реков, не го расипуваше красно­речието на професорот, а уште повеке го поттикнуваше. Вистин- ското краснорече се состои во тоа, да се каже се што треба да се каже и да не се каже ништо по­веке од неопходното; и кажано- то, се разбира, да биде точно, вис- тинито. Овде зборуваме за мис- ла, идеја и за форма, со која е ис- кажана идејата. Формата и иде- јата се неделиво цело и јас не знам што може да претставува едното без другото. Колку е по- убава идејата, толку е позвучна фразата. Точноста на мислата ја овозможува точноста на зборот. Така е со живиот збор, така е и со пишаниот збор: вредноста на ед­на книга секогаш доага од јасно- то и убаво слово, не од неразбир- ливоста и од скриената мегу ре­довите смисла.

Професорот зборуваше со жар и увереност, која доагаше од познаваньето на проблематика­та, која беше темата на оваа кон- ференција. Како ретко кој друг овде присутен, тој го чувствува­ше нерешеното македонско пра­шанье како своја лична трагеди- ја и тоа ги будеше спомените за Вазов и Јаворов, за Тодор Алек­сандров и Гоце Делчев, за дедо му Јане, кој другарувал со Гоце.

Таквата жар и увереност секо­гаш ги пленува слушателите: има зборови, кои, слично на трубите и цимбелите ја привликуват пуб­ликата. Во салата владееше гробна тишина, се слушаше му- ва кога ке поминеше. Одвреме- навреме гласот на говорникот се извисуваше, добиваше на јачина и звучност и тогаш напомнуваше на татнеж на гръмотевица. Во еден момент интересираньето стана такво, што и оние, кои беа излезени во ходникот на кратка пауза ги фърлща цигарите и по- бързаа во салата. Сите беа жел- ни да го слушнат говорникот. А кога завърши невидена бура од воодушевуванье! Ракоплескајте, грагани!

Јас тогаш, ползувајки ја своја- та вештина на новинар и писател, го запишав целиот негов говор, од збор до збор - ракописот е се­га на масата пред мене - па сум во состојба да цитирам дел од него:

"Македонија - рече тој - може секогаш и во се да гледа во Буга- рија свој најдобар пријател, всушност Бугарите не еднаш ја докажале својата привързаност и льубов кон неа. Ние им посаку- ваме се најубаво на нашите при- јател и од другата страна на гра­ницата, која за жал, се уште пос­тои. Нивната срека ја чувствува- ме како наша срека, нивната нес- река - како наша несрека. Пот­ребно е само тие да одговорат на нашата братски подадена рака, треба да ги раскопаат купишта- та сръпски лаги, кои со децении се таложеле на нивните просто­ри. Тоа нема да биде ни лесно, ни бъргу, можеби нашата генераци- ја тоа нема да го доживее. Но, тоа е процес кој веке почнал и кој со ништо не може да се сопре, и еден ден сепак ке се оствари, би- дејки вистината е бавна, но секо­гаш излегува на вид елина..."

Кога завърши конференција- та му бев претставен на професо­рот. Со широка насмевка се ра- куваше со мене. Со групата ин­телектуалци и пријатели, кои го след еа како сфита, се прошетав- ме по некои улици на Благоевг­рад, па се сликваме пред велико- лепниот споменик на Гоце Дел­чев во центарот на градот, дело на скуплтурот Крум Дерминджи- ев. Јас цело време одев со него. Разговаравме за многу работи. Тогаш од неговата уста за пръв пат ја слушнав ид ејата за блиско зближаванье на нашите два наро­да, македонскиот и бугарскиот. Јас на тоа не му придадов важ­ност, така што оваа великолепна идеја не успеа да го најд е своето место во мојата свест - се случу- ваат такви работи. Потоа ме зап­раша дали може да ми помогне со нешто. - "Не, благодарам" - реков. Чудно ме погледна: си­гурно бев първиот Македонец, кој не му побарал некаква по­мощ. - "Сигурни ли сте дека не ви треба нешто?" - инсистираше. - "Не, за сега не." Требаше да му ветам, дека веднаш ще го поба- рам, кога ке почувствувам барем најмала нужда од него.

По година или година и пол го побарав професорот во просто- риите на Македонскиот научен институт, на "Пиротска" во Со- фија. Дод ека чекав секретарката да ме повика, поразговарав со де­сетина други, кои исто така чекаа да влезат кај него. Се испостави, дека сите се Македонци ... Пове- ке од сигурно е, си помислив, де­ка професорот мора да краде од својот сон, за, покрај другите неброени обвръски што ги има, да може да им услужи на оние од армијата Македонци, кои секој- дневно му го опседнуваат каби- нетот. Очигледно, заклучив, на тој начин професорот извојувал за него да се каже: тоа е голем чо­век! Да, тоа е условот да се загър - не во пурпурната мантија на ве­личието. Но по каква цена?

Значи, професорот помага, помага... целиот се раздава себе си во тоа помаганье. Каков непо- тизам! - би рекол некој. Да, би рекле ние на тоа, но непотизмот подразбира покровителству- ванье од влијателен човек на блиските, на роднините и прија- телите, а неброената маса луге на кои професорот им помогнал, не му се ниту роднини, ниту приј- тели. Очигледно, продолжуваме ние на тоа, доволно е да се каже дека си Македонец, за тој да ја ос­тави започнатата работа, каква и да е таа и да почне да размислу- ва околу тоа, како да ти помогне, кому да му се јави по телефон, со кого да се види, со кого да разго- вара... за тебе... ти, кој си прет- ставник на народот од другата страна на границата и кој, веро- јатно, како и сите твои сонарод- ници се биеш во градите дека си Ма-ке-до-нец и само македонец, кој е твърдо уверен, дека нема ништо заедничко со Бугарите - "поробители и асимилатори". Доволно е да го споменеш само името "Македонија", за целосно да го привлечеш вниманието и добрата вольа на еден од наје- литните интелектуалци во Буга- рија, кој, како ретко кој друг го има царственото право да рече: "Немам време, секоја минута ми е скапа", кој како редовен профе­сор на универзитетот секојднев- но държи предаваньа на својата катедра, како автор секојдневно пишува научни расправи, како борец за вистината секојдневно разговара, објаснува, убедва, зе- ма збор на најразлични конфе­ренции, состаноци, семинари.... Во Македонија него го знаат од Тетово до Берово и од Крива Па­ланка до Гевгелија, речиси да не­ма град, гратче или село на овие простори, во кое не се спомену­ва неговото име, како име на доб- ротвор. Овој човек како да беше готов да ги разшири прегратки- те за се живо во Македонија, ка­ко да го беше посвоил целиот македонски народ. Слободно можеме да кажеме, дека верба- та во подобар живот се всадила и се зацвръстила кај стотици, кај илјадници Македонци, благода­рение токму на професорот Ди- митар Гоцев. Тоа е она, што овој човек го прави толку голем: тој чувствува, дека връз неговите плеки, заедно со славата на поз­нат и ретко успешен интелекту­алец, лежи и една одговорност, која треба да ја оправда дури по цена на крајно напрегнуванье на силите, на полно саморазда- ванье - одговорноста на големи- от човек, дека, ако неговите пос- тапки не се во највисок степен ху- мани, ке извърши предавство.

Никој друг од бугарската ели­та не би можел да помине преку нивната просръпска настрое- ност која се така продолжува, па за нив би рекол, дека се од друг свет, туг - а како да им помагаш на таквите? Гоцев, мегутоа ги по- кажува Македонците - а тука, мо- жеби, е неговата најголема, не­говата бесмъртна заслуга - пред се со она, што се ЛУГЕ , НА­РОД, народ,еднаков на сите бедни и несрекни, народот како пролетеријат, како лумпенпро- летеријат, таа најрадикална фор­ма на оваа бедна, пребед на кла­са. Во овој случај неговиот однос е повеке човечки, отколку наци­онален, повеке хуман, отколку политички, тој помага бидејки чувствува льубов кон нив, а не по­ради некакви тајни побуди, како што тоа го потенцираат скопски- те медии. Додека другите, веке одамна уморни од антибугарска- та кампаньа, што со децении ја водат властите и медиумите во Скопије се оддалечуваат од тие луге, Гоцев не престанува да се приближува кон нив. Токму затоа што ги познава, токму затоа што ги разбира Македонците, одбли- зу, како брат своите брака, Гоцев никогаш не страдал од таквата нивна политика, од масовната омраза на цел еден народ, колку и таквото чувство на одвратост да еоправдано.

Тој го познава тој народ, наро­дот на кого му помага, а секој на­род - тој тоа го знае - е доволно силен за да ги надмине сите кри­зи, како материјалните, така и ду­ховните. Ете зошто го потенци- раме величието на Гоцев: тој не се дистанцира од Македонците, не му подлегнува на она, на кое огромното мнозинство во Буга- рија веке му подлегнало или во моментот му подлегнува - и про- должува несебично да ги сака и, се разбира, да се надева, дека мо­ментот кога тие најпосле! - ке ја осознаат вистината нема многу да се оддолжи. Како што веке ре- ковме, Димитар Гоцев велико­лепно ја исполнува својата про- метеевска служба, тој е еден чист, отворен човек, кој никогаш не се издигнал до "голем поли- тички водач", никогаш не се стремел кон некое министерско место, никогаш не се изјавил ка­ко судија, никогаш не се претста- вил како пророк, а секогаш беше само скромен човек, упорен бо­рец за хуманоста и вистината. Тој знае, дека, за да биде вистински човек треба да им помага на сво­ите ближни, дека треба да го претвори во апостолат на добри­ната и помошта, на жъртвоготов- ността, ако треба. Од оној ден, кога во својот кабинет - во кого, инаку влегуваат само луге со соз- дадено име - го примил първиот Македонец кој дошол да го замо­ли за нешто, од тој ден фактички се рага оној Димитар Гоцев, ка- ков што сега го познаваме, вис- тинскиот внук на својот д едо Ја- не, соборецот на ГоцеДелчев. Илјад ниците на кои тој несебич­но им помогнал образуваат едно јато, еден посебен народ, му да- ваат облик на вечниот народ, таа величествена праматерија. Бла­годарение на неговото човечко дело може, колку и тоа да е нео- бично во почетокот, по братски да се разбере Македонија како бедна и несрекна земја, но блис- ка и сродна на Бугарија - без неп- ријателство, без отугеност, а со тоа е исполнет највисокиот долг на хуманостот - да руши секаква разделеност межу лугето, да го приближува далечното, да обе- динува народ со народ, класа со класа, група со група, во едно оп- шточовечко единство.

Во ова наше контрадикторно време вистинска реткотст е, да се сретне мокник кој е пред се - чо­век, а потоа се друго. Такава лич­ност треба да биде забел ежана во историјата. Впрочем, во перио- дот, во кој толку многу мажи имаат ниски чела и уште понис- ки души, среде толпата, чиј што единствен морал е или насладу- ваньето или голото животно пре- живуванье и која е загрижена са­мо за мимолетни, уродливи ма­териални блага, човекот кој се са- моодличува од светот ни вд ахну- ва връвна почит. На оваа етапа, тоа е професорот Димитар Го­цев.

Борба за зближуванье

Зашто, впрчем отидов на таа втора средба со професорот? Немаше некоја поодредена при­чина.

Ме пречека како и първиот пат, кога, се запознаваме: со ши­рока, отворена насмевка и цвър- сто ракостисканье. Ми рече, де­ка од некои заед нички пријатели дознал за мене, дека сум човек на место, човек, кој се надминува самиот себе си, кога треба да се пројави, дека сум чист по сърце, правдольубив и искрен, со висо­ки достоинства, способен за го­леми дела - ке излажам, ако не признаам колку ми годеа овие зборови. Треба да сакам, треба постојано да посакувам во живо- тот; и уште нешто: треба да се чи- та, постојано, интензивно. Ако учиш - знаеш. Дали треба да про- должам да пишувам? О, во секој случај! Никако не траба да се от- кажам од својата литературна дарба, тоа е најпосле прашанье на чест за мене. Всушност, тоа е единственото решение за оној, кој целиот живот скитал по без- крајните друмишта на духот. За таквите како мене треба да важи правилото: каде е уметноста, знаньето, креативноста, таму е и татковината. Блажени са оние, на кои им е дадено како дар од бо- говите писмено да можат да го изразат она, што го мислат и чув- стуваат, или со други зборови го­лемите умови се големи зошто бог ги осветил. Таквите се вистинска реткост и целиот свој живот треба да го посветат на она зашто се родени.

Кога сега размислувам за овие зборови - откако излегов од кај него јас седнав на една клупа во блискиот парк и сето тоа од збор до збор го запишав - можам сло- бодно да речам, дека професо­рот тогаш го насочи мојот живо- тен пат и јас целосно и се одадов на литературата, нешто, за кое, се надевам, никогаш во животот нема да зажалам. За овие два ча­са поминати заедно овој човек изигра голема улога во мојот жи­вот; тој случајно ја осветли мо- јата душа, без самиот да си дава сметка, како што внесената од некого свека ја осветлува темна- та простор ија...

Како на първата средба така и на оваа, професорот ми подре- че нешто за можното посуштин- ско зближуванье на нашите два народа. Јас и тогаш останав зат­ворен за оваа идеја, не ја абсор- бирав во себе како што требаше, како да беше храна, која организ- мот тешко ја меле и вари. Но ко- нечно, не можеше да биде така и на третата средба која се одигра во кабинетот на професорот во универзитетот "Свети Климент Охридски" во Софија. Бидејки, таа средба се случи полни чети­
ри години по онаа, за која што туку збо- рував. За тоа време многу патував, мно- гу размислував, а пред се вслушувајки се во советиве на професорот многу пишував. Така да, идејата за зближу- ванье која ми дојде од устата на профе­сорот Гоцев на на­шата трета средба само што ме допре и веднаш ме опфати целиот, одеднаш се впи во сите мои по­ри. Тоа беше како раганье на нешто божествено во мене.

Професорот сърдечно се поздра­ви со мене, ме пока­ни да седнам и поч- навме да разговара- ме. Нему веднаш се што му беше неоп- ходно му дојде под- рака, се јавија дла- боки мисли, изразе­ни со зборови, и тоа какви! Во нив се гледаше широ­чината на духот и стремежот кон вистината. Уводите му беа кон- цизни, излаганьата - јасни; заклу- чоците ги правеше смело, ја ук- расуваше својата реч великолеп­но, со еден збор поучуваше, соз- даваше задоволство, насочува- ше и човек тешко би кажал каде е неговата најголема сила. На моменти во него неочекувано се будеше рицарскиот дух, пројаву- ваше твърдост и вольа, која, тоа јасно се чувствуваше, би могла да го измени одот на историјата и да го претвори скромниот профе­сор во неустрашив народен во­дач, како Гоце Делчев, како То­дор Александров или Иван Ми- хајлов. Во таквите моменти мо­жеше да се види, дека овој доб- ротвор, чија што врата е секо- гаш ширум отворена за сите ока- ени сушества од Македонија мо­же да распали, да се возбуд и, ко­га е во прашанье идејата. Тоа бе­ше вистинскиот Димитар Гоцев, твърдиот борец за заедништво. Се гледаше, дека професорот носи во сърцето голема страст, страстта на човек закърмен од млекото на вистината, страст, која го исполнува целиот живот и која ке трае, се додека не биде целосно задоволена. Големите страсти се ретки, но сепак ги има. Таквите интелектуални страсти, како што е случајот со професорот, познаваат само ед­на цел - реализацијата на идеја- та, тие исклучуваат се друго, па дури ни самата срека не им е важ­на веке во тој случај.

"Воопшто - рече професорот - светот е сега така стар и веке ве- кови и милениуми живеел е, мис- леле и работеле толку паметни луге, што новото, кое може да се пронајде и каже е многу ретко. И мојата идеја за зближуванье по- мегу Бугарија и Македонија не е нова. Неколкумина големи луге, мир на нивата прашина, веке го рекле ова. Споменот за славни­те луге, иако се тие умрени, ке ос­тане, а ние што живеем сега тре- ба да продолжиме таму, каде
што тие застанале. Мојата заслу­га е во тоа, што повторно го ка- жав тоа, што се стремам во овој збунет свет да го разчистим па- тот на вистината. Освен тоа, вис- тината човек треба постојано да ја повторува, бидејки и заблуда­та постојано се повторува околу нас, а тоа не го прават само пое- диници, туку и масата.

Последната реченица се од- несуваше, се разбира, на офици- јалната просръпска политика ко­ја доага од Скопије, а која не мал дел од народот ја прима здраво за готово. Беше јасно, дека про­фесорот не е рамнодушен кон ваквата настроеност на масите во Македонија, кога е во пра- шанье Бугарија, но колку повеке го јадосваше ваквата абсурдност на Македонците, толку посилна и повластна страст го влечеше кон нив.

Кажуваше вечни работи. Збо- руваше авторитетно, со нешто дамнешно во гласот, како човек од некое одамна одминато вре­ме. Понекогаш зборуваше бавно и отчетливо, како да диктираше мемоари и гледаше кон велико­лепната слика на Тодор Алек­сандров обесена на зидот, најв- печатливото нешто во неговиот кабинет. Кога зборуваше за Ма- кедонија покажуваше со раката на запад, изглеждаше како про­рок, кој ја покажува старата тат- ковина, далеку преку небесниот простор. Тогаш, тоа се чувству­ваше, во неговите гради нешто се надигаше, надоагаше и го опфа- каше целото негово суштество. Што стануваше во неговата душа во ваквите моменти? Единстве­но тој тоа би можел да го каже.

"Зарем моето дете би треба- ло да избега од мене, или да се за­върти против мене, против сво- јот татко? Треба ли да го разру­ши она, што неговите родители го издигнал е, наместо да го усо- върши и извиси на тој начин што ке продолжи во истиот дух? За тоа да не стане има разумно средство. Таткото треба да му укаже на својот син, дека негово­то место е во татковата кука - и само таму! - да го придобие за се­бе, да го направи еднаков со се­бе во секој поглед, да го издигне во сопственик, каков што е сами- от тој, да го натера заедно да нап- рават шупичка за дърва покрај куката, па потоа да ја раскопаат градината и да засадат слииви, ја- болки и секакви други дръвца.

Та така е и со Македонците. Тие се дистанцирале од своите пријатели, Бугарите. Но, живеат како окаени Таволи: нема народ во Европа, кој живее полошо од нив. Затоа јас се борам за збли- жуванье на нашите два народа. И сите оние кои ја сакаат вистина­та треба да се борат за тоа. "Тре­ба да се даде она, што може и што треба да се даде" - рекол Монтен. Но треба да се предадеме напол- но на работата, да го преносеме секој својот камен за заед ничка- та градба. На своите синови ко­га овие станувале полнолетни, старите Римјани им велеле: "Твоја должност е да се трудиш за општа полза". За општото добро треба да се бориме! Ете зошто се борам за зближуванье. За зближуванье јас со години се борам и ке се борам додека има здив во мене! Се молам на бога, тој сон да стане стварност. А де­ка тоа може да стане, покажаа и моите разговори со еден великан од македонското интелектуално и политичко небо, професорот Димитар Галев. О, ако смъртта не го покосеше, ние, двајцата Димитровци можевме да напра- виме многу на тоа поле; со него загубив драг пријател и соборец. О, зближуваньето - тоа е мојата заветна мечта! Но мечтата ке се претвори во реалност, не се сом- невам. Можеби е прашанье, са­мо на месеци, не на години, кога Македонците ке осознаат, дека за нив нема друг излез, освен зближуванье со Бугарите. А ко­га ке се оствари тоа зближуванье - вечна светлина да ја озарува! Реков!"

Последните зборови ги изго­вори како уморен човек кој ше­тал, се борел и најпосле излегол на правиот и широк пат и го ви­дел крајот на својата борба.

Се загледа во портретот на Тодор Александров со поглед на прачовек, толку длабоко го беа опфатиле мислите. Во почетокот јас мирно си седев со льубопитен израз на млад војник кој го слу­ша војникот од старата гарда, но потоа неговото воодушевуванье и занес, неговата страст се пре- несоаа и на мене - како искра одед наш да светна внатре во ме­не и ги осветли и најскриените катчиньа од моето сушество, се во мене затрепери, како што зат- репенува силно оптегната стру­на од изненаден удар - па веке со- сема убеден, веке како сосема друг човек скокнав и извикав де­ка тоа бездруго ке се случи, тоа зближуванье мегу, засега разеди- нетитетите държави. Тогаш про­фесорот Гоцев - тој момент ни- когаш нема да го заборавам - ста­на од својата фотельа и со рака­та направи кръст во воздухот. Ре­че: "Така да биде, во името на от­ца, и сина, и свјатога духа!" Не, тоа нема да го заборавам. Нико- гаш во животот не бев доживеал повеличествен момент од овој! Се чувствував празнично, блес- каво и некаква мистична возбуда царуваше во мене, како овде и сега да се пишуваше пред мене една блескава страница од исто- ријата, како да бев сведок на нас- тан, кој ке ја реши иднината на два народа. И на сето тоа реков: "Амин!"



Общи условия