Брой 4-5, 2008
Търсене в сайта:
 
Вход за потребители:
Име:   
Парола:   

  


НОВО!

НОВО!


Новия Брой

  Зад Осогово

  Потомците на Каин


Не всички в Македония са потомци на Каин. тези хора, прекланящи се пред подвига на Мара Бунева доказват обратното.
Иван Тасев, Р Македония


В миналия брой обещахме на читателите да публикуваме главата на този публицистичен труд "Голготата на проколнатите", но решихме, че "Што да се прави" е по-подходяща, след като нямаме възможност да поместим целия текст.

В миналия брой обещахме на читателите да публикуваме главата на този публицистичен труд "Голготата на проколнатите", но решихме, че "Што да се прави" е по-подходяща, след като нямаме възможност да поместим целия текст.

Што да се прави?

Што да се прави?
Македонецот, тоа е очигледно, треба да си го промени животот. Како да го направи тоа?

Но, пст! Тоj мисли. Да го оставиме да мисли. Оноj коj мисли можеби и ќе смисли нешто. Еве, како што се чини, тоj се гледува во себе, во своjата душа, од таму сака да го извлече спасоносното решение за своjот живот. Тоа не е мала работа: ништо не е потешко од разбируваньето на jазикот на своите чувства, од запознаваньето на самиот себе!

Да ги видиме неговите мисли. Види, види, нешто силно, неодоливо, изгледа дека се подигнува од дното на неговата душа.

Ете, низ църната магла коjа целиот го обвиткала, почнуваат да се пробиваат некои задушени зраци на извесна активна интелигенциjа и да се загнездуваат на неговото чело!

"Зошто немам приjатели да ги молам за совет, ако барем не за помош? Каде се оние кои ме сакаа, каде се тие? Моjата несреќа ги плаши. Никоj не смее да се приближи до мене".

Тука сме. Продолжи, продолжи!

"А можеби сепак има некаков излез, а? Можеби спасот е тука негде, само не го гледам? Можеби треба да искачам уште две-три скали - и еве jа среќата, а? Несреќата може да се претвори во среќа, како што и фуриите можат да се претворат во грации. А кога ќе доjде новиот ден, ќе заборавам на сите премрежиjа низ кои сум поминал. Всушност, нека ги, jас не ги колнам своите маки: само кога ке поминеме преку тешките животни искушениеjа можеме да влеземе чисти и свежи во друг, поубав свет; секоjа сенка наjпосле е дете на светлината и само оноj коj ги искусил светлината и темнината, успонот и пропаста, само тоj вистински живеел. Животот е чуден и променлив. Колку малко е потребно човек да пропадне или да биде спасен. Но како jас сега да се спасам?

Ето до каде стигаат неговите размислуваньа, но на што се смееше на краjот - не го слушнав. Она за вистината го слушнав, а потоа нешто збуче и не можев да ги разберам. Вистината ли? Тоа ли е каменот од кой се препнуваш? Сега ќе му jа кажем на моjот сонародник, ако досега не банкротирала, како што банкротирал неговиот живот. Всушност, и тоj jа насетува, само што огинот на льубовта кон неа во него гори послабо отколку каj мене. Jас нема да кажам ништо, што безброj други пред мене не го кажале. Но никогаш не е излишно она, што е убаво, вистинско и справедливо, да се повторува, додека траjно не се зацвръсти.

ќе се послужам со пример, бидеjки не само ограничените луѓе, туку и оние со богата духовна структура имаат корист од примери.

Имало дваjца браќа. Додека биле млади многу се сакале и немало таjни мегу нив. Но потоа се спречкале, се зделиле. Едниот брат, оноj што бил виновен за караницата, отишол во белиот свет, а другиот останал во татковата куќа. Поминале години - дваесет, триесет - без тие да се видат и без да знаат нешто за себе. Но оноj што заминал одеднаш доживеал несреќа и изгубил се што имал; толку осиромашел, што немал што да jаде. Што да прави сега? Му преостанувало само да побара помош од брат му, бидеjки немал ниту приjатели, ниту други роднини кои би му помогнале. Тоj му нанел зло на своjот брат и сега побъргу би требало да трепери од него отколку да го моли за помош, но гладта не се търпи. И тоj му напишал писмо: "Ти ќе ме сожалиш и ќе ми помогнеш, ти си ангелот-спасител коj ќе ме избави од бедата, само во тебе ми е надежта. Ти си чувствителен, знаеш што е льубов, ти си единствениот човек на кого можам да се доверам. Не ми jа откажуваj своjата помош!" Овоj, се разбира, се согласил да му помогне. Го повикал да доjде да живее каj него. Кога дваjцата се виделе, се прегърнале и убаво се исплакале: има задоволство кога плачеш во прегратката на брат или на приjател. Потоа доjдениот станал своj човек во оноj дом во коj се родил, во коj пораснал, во коj за пръв пат jа почувствувал насладата на животот. За неговата намачена душа тоа било како освежувачка баньа за измореното тело; тогаш душата се капе во блаженство кое проникнува и во наjскриените катчиньа. А и неговиот брат бил задоволен: не може да не се чувствува убаво оноj, коj му jа разбудил душата на своjот заблуден брат, како што сонцето ги разбудува цвекиньата, коj што го подигнал со своjата силна рака од гробот во коj спиел.

Нека се завръти сега македонецот на сите четири страни од светот за да види од каде може да побара братска помош, бидеjки, како што кажува штотуку изложената приказна, само вистинскиот брат ќе ни помогне кога ни е тоа толку потребно. И што ќе види? ќе види испокинати и грозни селани, некои со бели кечиньа на главата, други со четнички кокарди, ке види и фетфебели кои се облекле по градски, но чиj што прост jазик и простачко однесуванье кажуваат кои се и какви се - а сите тие бесно ќе му мавтаат со пръст, ќе му го плазат jазикот и наместо да го извлечат од калта уште повеќе ќе го бутнат во неа; дотолку повеќе, што и самите тие се до шиjа во своjата кал. Само од исток ќе се зададе загриженото лице на братот коj страда заедно со него поради неговата несреќа и коj jа подал раката за да го спаси од пропаста. Коj е тоj брат, коj е тоj од маjка роден? Бугаринот, нашиот кръвен брат, истиот оноj кого тоj толку силно го мразел и го презирал. И македонецот засрамено ќе jа наведе главата, ќе посака да се сокрие во глувчова дупка.

Но да не jа ведне главата македонецот, туку здраво да се фати за испружената кон него рака! Но наjпървин да се напрегне и да jа ослободи своjата душа од оковите со кои Цвииќ и Новаковиќ во дамнина jа стегнале! Не се бугарите негови неприjатели, како што сърбите го учеа неговиот прадедо пропратуваjки го секоj збор со удар од пендрек, туку се негови кръвни браќа кои му нудат спас и му велат да се врати во татковиот дом. Да се ослободи од омразата и од туѓите влиjаниjа! Зарем не му дотегнало да слуша лаги? Да им го завърти гърбот на разните Ристевци и Катарджиевци и да стане слободен, да го посади во своjот двор дървото на слободата! Прекрасно чувство е да се ослободиш од нешто, што над тебе имало безусловна власт! А клучот на неговата слобода не е каj другите, туку каj него, зарем тоа не го чувствува? Нека завърши неговото тешко чувство и нека доjдат слободата и вистината! Се што е непотребно, бесплодно, туго и штетно нека изчезне како лист подгонет од бурата! Нека неговата душа свикне сама да се управува, како неjзе й се сака, а не како други й наложуваат! Нека тоj почувствува олеснуванье, горда радост, а потоа жед за работа и борба за поубав живот!

Надвор со сето она, што jа затира слободата, што jа изопачува вистината! Да се вратат скинатите алки на своето место - тоа се последните две-три алки, па ланецот коj води до основачот на родот, до нашиот пръв предок пак да биде цел, да се задържи убавата традициjа на минатото! Тоа е прекрасен чин коj со ништо друго не може да се спореди, бидеjки пак ги обединува скараните Авел и Каин, бидеjки води кон патот по коj некогаш чекореле претците. Македонецот нека продолжи да се нарекува македонец, тоа никоj не му го брани, но нека jа прифати подадената рака на своjот брат бугарин, коj не еднаш jа докажал своjата безгранична льубов кон него.

Би завършиле со еден цитат од Стефан Цваjг, еден од наjголемите хуманисти, космополити, пацифисти и писатели во историjата на човештвото: "Вербата во едно издигуванье на човештвото по пат на разбиранье, толеранциjа и братска льубов - вели тоj - постои одсекогаш, бидеjки лугето не можат да живеат и да творат без утешувачката мисла за краjно и конечно разбиранье, Студените и пресметливи умови нека продолжат да jа докажуваат безперспективноста на таа идеjа, нека изгледа дека реалноста понекогаш им дава право: сепак, секогаш има потреба од луѓе, кои независно од сето она што ги разгранува народите ќе го посочуваат она што ги зближува, од луѓе кои ќе jа обнивуваат во сърцето на човекот вербата во една не толку далечна епоха на повисока хуманост во коjа ќе владеат слободата на духот и вистината. Во сето тоа има едно големо предвестуванье. Бидеjки, само она што го изведува духот од неговите тесни рамки во општочовечкото, и дава на личноста сила и ги тера народите да jа чувствуваат своjата вистинска и света величина".

Фебруари-март 2008 г.





Общи условия